Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз.

Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки.

Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон и Кесиди Кук од САД.

Бронзата им припадна на Британките Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.