Австралиските власти ѝ ја укинаа визата на чешката тенисерка Рената Ворачова и ја одведоа во истиот имиграциски хотел во кој се наоѓа и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, јавија денеска светските агенции. Ворачова (38) пристигна во Австралија во декември и веќе настапи на турнир во Мелбурн, но во текот на вчерашниот ден била приведена од австралиските погранични служби и пренесена во хотелот „Парк“.
На тенисерката ѝ било соопштено дека треба веднаш да ја напушти Австралија, меѓутоа Ворачова, како и Ѓоковиќ, има право на желба. Таа влегла во Австралија со медицинска потврда дека е ослободена од вакцинирање врз основа на прележан коронавирус.
Директорот на Австралија Опен, Крег Тили, деновиве објави дека вкупно 26 луѓе поврзани со грен-слем турнирот во Мелбурн се пријавиле за медицинска потврда со која се изземат од обврската за вакцинирање и оти им било одобрено само на неколкумина, без да наведе за кого станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.