Првиот светски рекет и 22-кратен грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, пред новинарите во Белград ја образложи состојбата околу закрепнувањето од скинатата тетива.

Што се однесува до повредата што ја добив пред Австралија опен, закрепнав и постепено се приближувам до стопроцентната форма. Јас и мојот тим донесовме одлука дека ќе одам во Дубаи и ќе играм таму следната недела, изјави Ѓоковиќ.

Тој коментира и дека сè уште не добил дозвола за влез во САД за учество на мартовскиот Мастерс.

Процесот е во тек и тоа е сè што знам. Не можам да го контролирам текот на овие настани. Би сакал да играм и мило ми е што ја имам поддршката од директорите на турнирите во Мајами и Индијан Велс. Се надевам дека ќе биде донесена одлука во моја корист, истакна српскиот тенисер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.