Новак Ѓоковиќ собори уште еден тениски рекорд. Српскиот тенисер стана најстариот „број еден“ во историјата на АТП листата, со што го собори рекордот што со години го поседуваше швајцарскиот тенисер Роже Федерер.
Популарниот Ноле денеска има 36 години и 321 ден, додека Швајцарецот последен пат во кариерата беше светски рекет број еден со 36 години и 320 дена.
Српскиот тенисер во понеделник ќе ја почне 420-та недела на врвот на АТП листата.
Следен предизвик за Ѓоковиќ ќе биде на Мастерсот во Монте Карло, а од елиминацијата во Индијан Велс, српскиот тенисер нема играно, туку само тренира. Ѓоковиќ е првиот носител на турнирот и ќе биде слободен во првото коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.