Новак Ѓоковиќ утре наутро ќе ја започне одбраната на титулата на Австралија Опен, а на прес-конференцијата за медиумите пред мечот зборуваше и траумите во Австралија пред две години.
Ѓоковиќ десет пати во кариерата го освои Австралија Опен, но време на пандемијата имаше проблеми поради одбивањето да се вакцинира, па беше депортиран откако помина неколку дена во имиграциски хотел.
„Кога се вратив во Мелбурн дојдов на терминалот каде што бев пред две години. Го видов цел тој пат кој го поминав во имиграцискиот дел. Дури го препознав и човекот кој беше таму, навистина лошо се чувствував, ми се преврте желудникот. Се уште не сум отишол до тој хотел, ќе размислам дали ќе го посетам.
Не се работи за страв, можеби ќе отидам. Не знам дали некој се уште е таму. Имаше човек што е девет години во тој хотел, но сега живее во Минесота. Почувствував некаквап поврзаност со него. Разбирам дека најголем дел се пуштено, ако нешто излезе позитивно од цела таа ситуација е дека привлеков големо медиумско внимание“, изјави Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.