Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со многу мака се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако младиот хрватски квалификант, Дино Прижмиќ, му пружи фантастичен отпор во меч што траеше четири часа (6-2, 6-7, 6-3, 6-4).

Популарниот Ноле мораше да даде се од себе за да го скрши двојно помладиот противник и тоа кон средината на третиот сет, кога прво спаси брејк-топка, а потоа освои осум гема по ред. За сето прикажано на теренот, младиот Прижмиќ ги заслужи аплаузите на Новак.

Кога двајцата играчи се приближија до мрежата, Србинот му кажа неколку зборови Прижмиќ, по што се поздравија и си честитаа за одличната игра, по што Ѓоковиќ направи необичен потег. Кога публиката почна да му аплаудира на десеткратниот шампион на Австралија опен, Ноле само го впери рекетот кон Дино Прижмиќ и ги замоли да го поздрават и него бидејќи со играта заслужи еднакво силен аплауз.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.