Новак Ѓоковиќ имаше видливи проблеми во финишот на вториот сет што го загуби против Данил Медведев, но на крајот со 2:1 во сетови ја доби тениската војна против рускиот тенисер на завршниот турнир во Торино.
Иако не му беше премногу важна победата, бидејќи веќе го имаше освоено првото место во Црвената група и имаше сигурно полуфинале против тејлор Фриц, Новак одигра и чесно и спортски до крај и победи со 6:3, 6:7(5), 7:6(2).
И тоа го стори во свој стил со битка докрај, иако во финишот на третиот сет беше во загубена ситуација.
Медведев направи брејк за предност од 5:4 и сервираше за меч и за прва победа на турнирот на осумтте најдобри тенисер во 2022 година, но и тоа не беше доволно за успех против Ѓоковиќ.
Србинот ексрпресно го врати брејкот и драмата од над 3 часа во Торино продолжи со втор тај-брејк.
Новак водеше од почеток до крај и во маратонски меч го доби тај-брејкот со 7:2 во поени и без пораз патрува во полуфиналето на завршниот турнир во сезоната.
Вечерва од 21 часот во директен дуел Циципас и Рубљов ќе одлучат кој ќе биде вториот полуфиналист од Црвената група и кој ќе игра за финале против Каспер Руд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.