Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ ја нарече луда одлуката на Вимблдон за забрана на руски и белоруски играчи од турнирот поради инвазијата на Украина. Организаторите на најстарото и најпрестижното тениско натпреварување во светот вчера објавија дека нема да примаат спортисти од Русија и Белорусија во овогодинешното издание поради инвазијата која Русија ја нарекува „специјална операција“.

Ова е прв Гренд слем турнир на кој им се забрануванува на тенисери од двете земји, што значи дека бројот 2 во машкиот свет Даниил Медведев од Русија и четвртата на светската ранг-листа Арина Сабаленка од Белорусија кај жените нема да може да игра на тревните терени во Лондон од 27 јуни до 10 јули.

Ѓоковиќ рече дека спортистите немаат никаква врска со тековниот конфликт.

Секогаш ќе ја осудувам војната, никогаш нема да ја поддржам војната што ја доживеав како дете, изјави Ѓоковиќ за новинарите на Отвореното првенство на Србија, АТП 250 турнир во Белград.

„Знам колкава емотивна траума остава. Во Србија сите знаеме што се случи во 1999. Имавме многу војни на Балканот во поновата историја. Сепак не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, мислам дека е лудост. Кога политиката се меша во спортот, резултатот не е добар“, додаде тој.

Одлуката на тенискиот клуб All England Lawn Tennis (AELTC) беше критикувана од АТП и ВТА. Овој потег е првпат играчите да бидат казнети врз основа на одредена националност по Втората светска војна, кога германските и јапонските тенисери беа исклучени од учество на тениски турнири.

AELTC рече дека „ќе размисли и соодветно ќе одговори“ доколку околностите се променат до јуни.

Доцна синоќа Здружението на професионални тенисери (АТП) го критикуваше „Вимблдон“ поради одлуката да ги отстрани руските и белоруските тенисери од овогодинешната трка поради војната во Украина.

Сметаме дека денешната еднострана одлука на Вимблдон и AELTC за исклучување на играчи од Русија и Белорусија од овогодинешниот турнир на трева е неправедна и има потенцијал да создаде опасен преседан во спортот.

Дискриминацијата врз основа на националност е исто така прекршување на нашиот договор со Вимблдон, кој вели дека учеството на играчите се заснова исклучиво на АТП рангирањето, се вели во соопштението.

АТП додаде дека „секој начин на дејствување како одговор на оваа одлука сега ќе биде оценет во консултација со нашиот одбор и одборот на членови“.

Женската тениска асоцијација (ВТА) исто така ја критикуваше одлуката, велејќи дека таа е „многу разочарана“.

Дискриминацијата и одлуката да се фокусираме на таква дискриминација на спортистите кои учествуваат сами како поединци не се ниту фер ниту оправдани, се вели во соопштението на ВТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.