Најдорбиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, на Инстаграм детално објасни зошто не бил во изолација откако бил позитивен на тест за Ковид-19 во декември.

Ѓоковиќ онјаснува дека се обраќа поради „континуирани дезинформации за неговите активности и присуство на настани“.

Овие дезинформации мора да се коригираат, особено во интерес да се ублажат реакциите на јавноста за мојот престој во Австралија, како и да се разјаснат работите кои се штетни и загрижувачки за моето семејство – пишува Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер додаде дека се трудел да ги заштити сите околу него и оти се придржувал на тестирањето за корона вирусот.

Присуствував на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември (Црвена Звезда – Барселона), по што пристигна информација дека голем број луѓе се позитивни на корона вирусот. Иако немав никакви симптоми, на 16 декември направив брз антигенски тест. кој беше негативен. Тој ден направив и ПЦР-тест, следниот ден бев на тениски настан во Белград за да им дадам награди на децата и пред да заминам направив нов антигенски тест кој беше негативен, се чувствував добро, а позитивен ПЦР тест добив дури по настанот – објаснува Ѓоковиќ.

Тој вели дека следниот ден, на 18 декември, во неговиот тениски центар во Белград дал интервју за францускиот весник „Л’Екип“ и дека тоа го направил за да гомисполни договорот со новинарката.

Гледав да држам пропишана дистанца и постојано носев маска, освен кога се сликав. После тоа отидов дома да се изолирам. Кога ќе размислам сега, грешка беше да се прифати интервјуто, кое го мораше да се одложи – додава Ѓоковиќ.

Во врска со неговата декларација за патување во Австралија, во која треба да се наведе дали патувал во рок од 14 дена по пристигнувањето во земјата, тој објаснува дека неговиот агент несвесно штиклирал погрешно поле на формуларот.

Што се однесува до мојата декларација за патување, таа беше поднесена од мојот тим за поддршка во мое име, како што им кажав на службениците за имиграција при пристигнувањето, а мојот агент искрено се извинува за административната грешка во која штиклираше погрешно поле за моето претходно патување пред да дојдам во Австралија – пишува Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ изјавата ја дава во време кога австралискиот министер за имиграција Алекс Хок размислува дали да му ја одземе визата пред Австралија опен, кој започнува на 17 јануари, поради контроверзите околу тоа дали светскиот тенисер број еден има право на медицинско изземање. Од кабинетот на Хок соопштија дека адвокатите на тенисерот доставиле многу информации во врска со неговата виза, а тоа ќе влијае на времето потребно за министерот да одлучи дали ќе ја укине визата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.