Србинот Новак Ѓоковиќ не доби шанса да ја брани титулата на Австралија опен освоена лани и беше депортиран од државата, бидејќи не беше вакциниран против Ковид-19.

Тоа му го отвори патот на Рафаел Надал да дојде до својата 21.грен слем титула со што ги мина Ѓоковиќ и Роџер Федерер на вечната листа, кои остануваат на 20 титули.

Србинот демонстрира фер-плеј и преку социјалните мрежи му честиташе на својот голем ривал.

Честитки до Рафаел Надал за 21.грен слем титула. Неверојатно постигнување. Секогаш импресивен борбен дух, кој преовлада уште еднаш. Честитки. Данил Медведев даде сè од себе и играше со пасија и одлучност каква што сите очекувавме од него, напиша Ѓоковиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.