Новак Ѓоковиќ не само што може да не добие дозвола за влез во Австралија и со тоа да не игра на првиот Гренд слем, туку може да добие и забрана за повеќегодишен влез во земјата.

Според професорката по јавно право на универзитетот во Сиднеј, Мери Крок, доколку Ѓоковиќ не добие дозвола за влез во Австралија, може да добие забрана за влез во земјата во траење од три години.

„Законот е јасен. Ако човекот има погрешна виза се прави проценка. Ако една виза биде одбиена или одземена, може да има поголеми последици. Ако некој биде депортиран од Австралија, постои можност тој да добие забрана за влез во земјата во следните три години“, објаснува Крок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.