Пред стартот на големото финале на Србија Опен, Новак Ѓоковиќ и рускиот тенисер Андреј Рубљов наместо традиционалното фрлање паричка за тоа кој ќе добие предност да бира страна или сервис, се кршеа со јајца во духот на големиот празник Велигден кој денеска го слават православните христијани.

Рубљов го победи Ноле во битката со јајцата на мрежата и ја избра страна на која ќе го чека почетниот удар на Србинот, а видеото од нивното дружење брзо стана вирален хит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.