Германските медиуми објавија дека поранешниот тенисер Борис Бекер бил префрлен во нов затвор во близина на Лондон, а тоа го потврдил и неговиот адвокат.
Причината за преселбата на Бекер е тоа што постојано се жалел на условите во затворот и ги нервирал чуварите со тоа што имал посебни барања.
Во новиот затвор, каде што ќе биде сместен Бекер, има околу 480 затвореници во посебни и заеднички ќелии, а тие имаат можност да го продолжат образованието или да се занимаваат со спорт.
Суд во Лондон, на крајот на април, го осуди Бекер на две ипол години затвор поради лажен банкрот и проневера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.