Француската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поставија светскиот рекорд по најмногу освоени поени на Олимпијадите.

Тие утринава освоија злато на Игрите во Пекинг. За двата танца, парот освои 226,98 поени. Ним им припаѓаше и претходниот рекорд поставен на Јапонското Гран при во 2019 година. Тогаш Пападакис и Сизерон добија 226,61 поен.

Сребрениот медал го освои руската двојка Викторија Синицина – Никите Кацалапов со освоени 220,51 поен.

Третото место и бронзениот медал отиде кај Американците Медисон Хебел – Закари Донохју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.