Укината е суспензијата за руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева која ќе може да ги продолжи натпреварите на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Валиева, како што е познато, доби позитивен наод на триметазидин по што беше суспендирана. Но, оваа одлука е поништена ден подоцна.

Русинката со свои 15 години се запиша во историјата како прва лизгачка која изведе комплетен четворкратен скок.

„Валиева вложи жалба на привремената суспензија и Руската антидопинг агенција се одлучи да ја укине, па со самото тоа и е дозволено да продолжи со натпреварите на ЗОИ. Причината за оваа одлука ќе биде наскоро образложена пред сите“ – се вели во соопштението од Меѓународната агенција за тестирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.