Група од 35 држави, вклучувајќи ги САД, Германија и Австралија, бараат да им биде забранет настапот на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз, изјави литванската министерка за спорт Јургита Сиугздиниене.

Овој чекор го засилува притисок врз Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој очајнички настојува да избегне најголемиот спортски настан во светот да биде растргнат од војната во Украина.

Се движиме кон насока да не биде потребен бојкот, бидејќи сите земји се едногласни“, посочи литванската министерка за спорт.

Изјавата доаѓа откако портпаролот на литванското Министерство за спорт претходно соопшти дека украинскиот претседател Володимир Зеленски учествувал на онлајн состанок заедно со 35 министри на кој се расправало за забрана за настап на руските и белоруските спортисти на Олимпијадата што треба да се одржи идната година во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.