На одбојкарското дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос, две фракции се судрија пред салата „Мелина Меркури“.Околу 150 навивачи некаде по 22 часот излегле надвор од салата, по штом како што соопшти полицијата, фрлиле молотов коктел, а полицијата возвратила со солзавец кој стигнал до оние кои биле внатре, поради што натпреварот е прекинат во вториот сет.

Во судирите е повреден и еден полицаец, кој се уште е во критична состојба. Од левата надколеница извадена е метална топка со димензии 5х2х2 сантиметри, што предизвика обилно крварење.

Нешто пред полноќ бил однесен во операционата сала кога доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го оживее и потоа да ја изврши хируршката процедура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.