Шведскиот атлетичар, Арманд „Мондо“ Дуплантис, уште еднаш покажа дека е „кралот“ во дисциплината скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6.22 метри на митингот во Клермон-Феран, Франција.
Со таквиот скок, 23-годишниот олимписки и светски шампион го подобри својот претходен рекорд за еден сантиметар, откако скокна 6.21 метри на минатогодишното Светско првенство во САД.
Ова е шести пат тој да го подобрува светскиот рекорд, откако скокна 6.17 метри во февруари 2020 соборувајќи го рекордот на Французинт Рену Лавилени. Тој сега има 60 скока над 6 метри во својата кариера.
Украинскиот великан Сергеј Бубка беше првиот кој скокна шест метри во 1985 година, по што 12 пати го сруши рекордот, поставувајќи го на 6.15 метри, рекорд кој стоеше до 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.