Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски одржа работна средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш.

На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ.

 

Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, се сретна и со членот на ИОК, д-р Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија – информираа од МОК.

Димевски е дел од македонската делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.