Српскиот спортско-политички аналитичар, Дејан Анѓуш, во анализа за тоа што му се случуваше на Новак Ѓоковиќ во Австралија го свртува вниманието кон австралиските служби за безбедност за кои вели дека имале замешано прсти во очигледните напори на властите да „се фаќаат за сламка“ со цел да го стават светскиот тенисер број 1 во „рингишпил“.
Анѓуш ја анализира целата ситуација од закажувањето на првото рочиште, неколкуденевниот престој во хотелот за мигранти, менувањето на судските и политичките одлуки, па преку различните закани претставени пред Ѓоковиќ како можни затворски казни, долготраен притвор и комплициран судски процес.
Очигедно е дека имаше силен елемент за обид на негово превоспитување од страна на безбедносните служби на Австралија, САД и Велика Британија, кои соработуваат од секогаш. Во ваквите случаи не постојат случајности, туку ваквите постапки и процеси детално се планираат – анализира Анѓуш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.