Прославениот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор.

Причина е прикривањето имот и кредити во вкупна вредност од 2,5 милиони фунти.

Бекер беше прогласен за виновен по четири точки од Законот за несолвентност, иако тој негираше дека го прекршил законот.

Легендарниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година, а во четвртокот се прости од семејството, бидејќи насетуваше дека ќе оди во затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.