Белата куќа објави дека од патниците повеќе нема да се бара да бидат вакцинирани против Ковид-19 за да влезат во САД. Oва е добра вест за Новак Ѓоковиќ кој ќе може да учествува на УС опен.
На 11 мај, кога ќе заврши вонредната состојба поврзана со коронавирусот во САД, барањето за вакцинација против Ковид-19 ќе биде отфрлено за луѓето кои патуваат со меѓународни летови и за федералните вработени, соопшти Белата куќа.
Во февруари, Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на барањето повеќето странски патници да бидат вакцинирани против Ковид-19, едно од ретките ограничувања за патување поврзани со пандемијата што се уште постои.
Во јуни минатата година, администрацијата на Бајден го отфрли барањето луѓето што пристигнуваат во САД со авион да бидат негативни на тестот за Ковид, но ги задржа барањата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да се вакцинираат повеќето странски патници.
Одделот за внатрешна безбедност, исто така, вчера соопшти дека почнувајќи од 12 мај повеќе нема да бара од патниците кои не се државјани на САД и кои влегуваат во земјата преку копнени контролни пунктови или на фериботи да се вакцинираат против Ковид и да обезбедат доказ за вакцинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.