Tрикратниот освојувач на Вимблдон и поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер застана во одбрана на српскиот тенисер откако беше затворен во хотел во Мелбурн. Бекер порача дека е со него со целото срце!
Мора да ја почитувате својата одлука. Тоа што не сте вакцинирани, не значи дека сте лош човек. Новак имаше медицински исклучок, заедно со уште петмина други. Тие контактирале директно со Австралијан опен и тоа било професионално завршено, кажа Бекер во интервју за „Билд“.
Борис кажа дека ги разбира Австралијанците кои во претходните две години се наоѓаат во спефицична ситуација.
Не ги прекршил правилата, на сите ни е познато дека може да игра, но очигледно некои Австралијанци не си ги виделе семејствата цела година и ја разбирам нивната реакција, но сакам да го одбранам Ѓоковиќ зашто тој немаше да оди во Мелбурн ако немаше соодветни документи. Новак не е идиот, вели Бекер.
Бекер уште еднаш се осврна на неговите неодамнешни зборови дека најдобро е Ѓоковиќ да се вакцинира.
Новак речиси го сметам за член на семејството, но како и во сите други семејства, понекогаш имате несогласувања. Во овој случај мислам дека прави голема грешка што не се вакцинира. Тоа е нешто што го загрозува остатокот од неговата кариера и шансата да се зацементира како најдобар играч на сите времиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.