Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека случајот со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е работа на судот и оти нема да коментира дали Владата ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ по вторпат доколку ја добие жалбата.

Тоа во моментов е прашање на судот – изјави Морисон на прес-конференција.

Тој го повтори тврдењето дека на организаторите на Австралија опен во ноември им биле дадени јасни инструкции за влез во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.