Трикратната олимписка победничка, Австралијката Кејли МекКион (21) постави нов светски рекорд на 200 метри грбно, испливувајќи ја патеката на првенството на Нов Јужен Велс во Сиднеј, за 2:03, 14 минути.

Со таквата трка, МекКион за 0.21 секунди го подобри досегашниот светски рекорд на Американката Реган Смит од Светското првенство во Гвангжу во 2019 година.

Младата Австралијка на последните Олимписки игри во Токио освои три златни медали на 100 метри грбно, 200 метри грбно и во штафетата 4×100 мешано, како и бронза на 4×100 мешано.

По Олимписките игри ми беше тешко повторно да се вратам во базенот. Не бев сигурна, меѓутоа, најдов нова љубов кон спортот и тоа само покажува дека среќен пливач е брз пливач. Ништо не сменив во својата програма или тренинзите, само што сум посреќна“, изјави МекКион, која е и актуелната светска првенка на 200 метри грбно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.