Британскиот боксер Амир Кан навести дека ќе стави крај на кариерата по синоќешниот пораз во Манчестер со нокаут во шестата рунда од сонародникот Кел Брук во борбата на двата големи ривали на која се чекаше 17 години.

Кан на 17 – годишна возраст освои олимписко сребро на Игрите 2004, а пет години подоцна ја освои титулата светски првак.

– Зад себе имам 40 борби, освоив две светски титули и се борев ширум светот. Морам да седнам и да разговарам со семејството, но се ближам кон крајот на кариерата, изјави Кан.

– Немам повеќе љубов кон боксот. Во рингот веќе го нема возбудувањето кое води напред. Можеби тоа е знак дека треба да ставам крај, но ќе видиме, додаде легендарниот британски боксер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.