Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022 година, од фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу.

Ваучерите се даваат како поддршка од државата за спортот, АМС веќе традиционално дели клупски ваучери, ваучери за федерациите и за индивидуалните спортисти.

Од фудбалските клубови Шкендија како шампион на Македонија доби најголем ваучер, 10.850.000 денари, Шкупи и Струга ТЛ добија по 9.850.0000 денари.

Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра. Еурофарм Пелистер доби милион денари помалку, 16,5 милиони денари, Металург кој го чека ваучерот за да ги исчисти долговите доби 12,5 милиони денари или 200.000 евра.

МЗТ Скопје како актуелен шампион на Македонија доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони денари, а двоцифрена бројка на милиони денари има уште и Работнички.

Од спортските федерација и овојпат немаше ништо за ФФМ поради неусогласениот статут со законот за спорт.

Најмногу доби Ракометната федерација на Македонија, 15.800.000 денари, кошаркарската доби два милиони денари помалку, а двоцифрен број на милиони доби уште и Одбојкарската федерација на Македонија, 11.800.000.

Од индивидуалните спортисти Дрита Ислами доби најмногу 280.000 денари, Јован Стојкоски, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова добија по 180.000 денари.

Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови:

Листа на спортски клубови кои добија ваучери.

Листа на спортисти кои добија ваучери.

Листа на федерации кои добија ваучери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.