Швеѓанецот Нилс ван дер Пул, го имаше еден од највпечатливите настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, рушејќи го сопствениот светски рекорд на 10.000 метри брзо лизгање, со што дојде до двојна круна во долгите лизгачки дисциплини. Ван дер Пул претходно, го освои и залтниот медал на трката на 5.000 метри.

Својата одлична форма, Швеѓанецот ја прикажа со тоа што трката ја заврши со време 12:30.74, над две секунди побрзо од претходното најдобро време во историјата, што го постави минатата година во Херенвен.

Холанѓанецот Патрик Рост го освои среброто (12:44.59), додека Италијанецот Давиде Ѓото, кој лизгаше во пар со Ван дер Пул, стигна до бронзениот медал (12:45.98).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.