Младата македонска футсал репрезентација од 1. до 7. април ќе учествува на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“, кој ќе се одржи во хрватскиот град Умаг.
Македонските млади футсал играчи се во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и репрезентацијата на САД до 18 години.
Групата А ја сочинуваат Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора.
Македонските футсалци во првото коло ќе се соочат со Словенија, во второто со Хрватска и во последното коло со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.
Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години Зоран Лекиќ за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ повика 14 играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.