Вдовицата на починатата американска НБА-ѕвезда, Коби Брајант, доби 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во којашто покрај кошаркарот, загинаа и нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.
Ванеса Брајант го тужеше Округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако, според обвинението, канцеларијата на шерифот и противпожарната служба ги споделиле грозоморните слики. Крис Честер, чии сопруга Сара и ќерка Пејтон исто така беа меѓу загинатите, доби отштета од 15 милиони долари.
Ванеса Брајант поднесе тужба и против компанијата за изнајмување хеликоптери и наследниците на пилотот, кој исто така, загина во несреќата.
Округот Лос Анџелес веќе се согласи да плати 2,5 милиони долари за сличен случај по тужба на семејствата на другите жртви на несреќата.
Коби Брајант имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија, САД. Тој 20 години играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА. Се пензионираше во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.