Неколку часови пред завршување на трансфер периодот во НБА, Бруклин и Филаделфија направија размена којашто силно ќе ја размрда лигата.
Како што јавуваат американските медиуми, Џејмс Харден од Бруклин заминува во Филаделфија, а во спротивна насока заминуваат Бен Симонс.
Во рамки на трампата, Пол Милсап заедно со Харден заминува во Филаделфија, додека Бруклин ќе ги добие и Сет Кари, Андре Драмонд, како и два избора во првата рунда на драфотот, во 2022 и 2027 година.
Со оваа трампа, двата тима, кои пред сезоната беа едни од главните фаворити за да играат во финалето како претставник на Источната конференција се обидуваат да ја подобрат својата форма. Во моментов, Филаделфија е на петтата позиција на Истокот, додека Бруклин е осми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.