Лука Дончиќ постигна рекордни за него 51 поен со што го предводеше Далас до победа против Лос Анџелес клиперс од 112:105.

Словенечкиот кошаркар ја најави својата фантастична партија уште во првата четвртина во која уфрли дури 28 поени, погодувајќи седум тројки од девет обиди. На одличното поентерско постигнување, Дончиќ додаде и девет скокови и шест асистенции

Далас со оваа победа е петтопласиран на Западот со 33 победи и 23 порази, додека Клиперси се осми со 27-30.

Суров реванш за поразот во финалето

Во првиот меѓусебен дуел на минатогодишните финалисти, Феникс му зе одмазди на Милвоки за поразот во финалето и славеше со 131:107.

„Сонцата“ постигнаа повеќе од 30 поени во секоја од четвртините, а беа предводени од Деандре Ејтон кој постигна 27 поени и реализира 12 од 14 шутеви од игра, додека Крис Пол натпреварот го заврши со 17 поени, 19 асистенции и седум скокови.

Кај Милвоки најефикасни беа Крис Мидлтон и Џру Холидеј со по 21 поен, додека Јанис Антетокумпо постигна 18.

Резултати од останатите натпревари:

Детроит – Мемфис  107:132

Вашингтон – Бруклин  113:112

Њу Орлеанс – Мајами  97:112

Хјустон – Торонто  120:139

Голден Стејт – Њујорк 114:116



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.