Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед за прв пат јавно ги сподели деталите за нападот врз него во центарот на Москва на 1 мај.

По тој инцидент тешко е повреден несреќниот Алексеј Швед, кој итно е хоспитализиран, а поради тешките повреди на главата неколку дена животот му бил во опасност.

– Се се случи вака. Тие момци се обложија на ЦСКА, вложија големи пари и ги загубија. Потоа ја видоа мојата сопруга Настја, па мене во ресторанот. Почнаа да бидат непријатни, да кажуваат лоши зборови. Не опколија. Тогаш бевме опкружени со уште неколку девојки – изјави Алексеј Швед за телевизијата „Мач“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.