Во дуел на два од тимовите со најдобра форма во НБА лигата, Феникс славеше во Далас со 109:101.
Со оваа победа Феникс ја заврши најдолгата гостинска турнеја со перфектен скор од пет победи во пет гостувања. Ова за „сонцата“ беше и деветта победа по ред во дуелите со Далас, а до неа дојдоа со одлична игра во последната четвртина којашто ја добија со 35:19.
Тимот од Аризона се зацврсти на првата позиција во лигата со скор од 35 победи и девет порази, што е само една победа помалку од клупскиот рекорден старт по 44 натпревари.
Девин Букер беше најефикасен кај Феникс со 28 поени, додека Крис Пол реализира 20 поени и 11 асистенции без да има ниту една загубена топка. Пол го држи рекордот во НБА од 49 натпревари со двоцифрен број асистенции и ниту една загубена топка.
Лука Дончиќ постигна 28 поени, Џејлен Брансон имаше 19, додека Кристапс Порцингис го заврши натпреварот со 18 поени и 11 скокови. Далас (26-20) пред овој натпревар имаше четири победи по ред и 10 триумфи во последните 11 натпревари.
Резултати на останатите натпревари:
Њујорк – Њу Орлеанс 91:102
Голден Стејт – Индијана 117:121 (прод.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.