Голем инцидент се случи вчеравечер на натпреварот од македонското кошаркарско првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир меѓу истоимената домашна екипа и Работнички. Во 14-та минута, при водство на Работнички со 44:23, навивач на Чаир влета на теренот и со тупаници го нападна плејмејкерот на Работнички, Ерик Нотиџ.
Играчите на двете страни беа присебни и спречија ескалација на ситуацијата, но ова е втор голем инцидент во Чаир за кратко време. Претходно на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија, навивачи влегоа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.