Одличните изданија на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс му донесоа изненадувачки триумф на Лос Анџелес лејкерс против Милвоки на гостински терен од 133-129.

Дејвис го заврши натпреварот со 44 поени и 10 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 28 поени и 11 асистенции.

Со ваквиот учинок, Џејмс дојде до бројката од 10.144 додавања во кариерата и на вечната листа го премина легендарниот кошаркар на „езерџиите“, Меџик Џонсон, со кого до овој натпревар, го делеше шестото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.