Македонскиот кошаркарски претставник во регионалната АБА, МЗТ Скоје не успеа да избори опстанок и наредната сезона повторно ќе се натпреварува во АБА 2 лигата.

Сепак, иако сезоната на македонскиот претставник заврши со враќање во втората по квалитет регионална лига, мала утеха за „штрковоите“ може да биде тоа што навивачите на МЗТ беа помеѓу најдобрите и најверните во лигата. Бројките покажуваат дека МЗТ е трет најгледан тим во АБА лигата,а пред него се само големите кошаркарски гиганти и евролигаши Партизан и Црвена Звезда.

На трибините во „Јане Сандански“ вкупно имало 35.510 навивачи во 13 натпревари, што во просек е по 2.731 навивач по натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.