Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кого магазинот „Форбс“ го прогласи за прв активен играч во НБА лигата вреден една милијарда долари, има нов цел.

Како што пишуваат американските медиуми, Џејмс сака да стане сопственик на НБА екипа, чие седиште ќе биде Лас Вегас.

Сакам да бидам сопственик на екипа, сакам да имам екипа во Лас Вегас – порача Џејмс во најновото издание на шоуто „The Shop“.

Лас Вегас и Сиетл често се споменувани како градови кандидати за ширење на НБА лигата, но комесарот на натпреварувањето Адам Силвер претходно оваа недела изјави оти засега не се планира експанзија на Лигата.

Леброн Џејмс е сопственик на компанијата „SpringHill“, која се занимава со продукција на филмови, а има удел и во групацијата „Fenway Sports“ во чија сопственост се безбол клубот Бостон Ред сокс, премиерлигашот Ливерпул и НХЛ екипата Питсбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.