Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години ги почна подготовките за настап на претстојното Европско првенство во „А“ дивизијата на кое противници и на избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе им бидат селекциите на Франција, Израел и Велика Британија.

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Маврово, по што ќе следуваат контролни натпревари на домашен терен против Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, а во програмата се и два подготвителни дуели против Хрватска на гостински терен.

Имавме некои други планови, но со оглед на тоа дека ФИБА донесе одлука која ја промовира нашата селекција во учесник на Европското првенство во „А“ Дивизијата, извесно е дека мораше да направиме и извесни промени во првичните скици за работа во овој летен период. Едноставно, ФИБА ни постави нови граници кои мора да ги стигнеме во деновите кои следуваат. Сметам дека со одигрувањето на овие осум-девет натпревари ќе бидеме во посакуваната форма за настап на шампионатот во Турција – изјави селекторот Симиќ за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.