Тре Јанг постигна 43 поени и ја предводеше канонадата од тројки со која Атланта го победи Феникс со 124:115, и со тоа ја прекина серијата од 11 победи по ред на тимот со најдобар скор во НБА лигата.

Кошаркарите на Атланта погодија 20 од 41 обид за три поени, од кои шест беа дело на Јанг. Токму неговата шеста тројка донесе резултат 122:113 на 37 секунди до крајот со што дефинитивно ја потврди победата. Одлична шутерска вечер имаше и Кевин Уертер со пет погодени тројки од 10 обиди.

За Атланта (25-16) ова беше осма победа во последните девет натпревари, а единствениот пораз им беше од Торонто во понеделникот во натпревар на кој не настапи Јанг за да му заздрави контузија на рамото. Сепак, и покрај ваквата серија, Атланта е десетта во Источната конференција.

Феникс пак, се уште е најдобра екипа волигата со 41 победа и 10 порази. За „сонцата“ ова беше прв пораз по тој од Мајами на домашен терен на 8 јануари. Серијата од 11 победи по ред, за Феникс беше втора со двоцифрен број триумфи, по најдобрата во клупската историја од 18 победи во низа, реализирана во претходниот дел од сезоната.

Девин Букер гомпредводеше Феникс со 32 поени, Микел Бриџис го заврши натпреварот со 24, додека Крис Пол реализира 18 поени и 12 асистенции.

Резултати на останатите натпревари:

Сан Антонио – Мајами  95:112

Детроит – Минесота  117:128

Торонто – Чикаго  127:120 (прод.)

Голден Стејт – Сакраменто  126:114

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс  111:110



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.