НБА лигата го презентира новиот редизајниран трофеј за кошаркарот што ќе биде прогласен за МВП на Олстар натпреварот.

Ова признание е трајно именувано во Трофеј Коби Брајант во чест на славниот кошаркар кој трагично загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година.

Дизјанот на Трофејот е изработен на таков начин да содржи голем број детали коишто симболизираат делови од спектакуларната кариера на Брајант.

Трофејот има основа и четири нивоа, при што основата има осум страни, кои го симболизираат бројот 8 што го носеше Брајант.

На надворешниот дел од основата има 18 ѕвезди кои ги претставуваат 18-те настапи на Брајант на Олсатр натпреварите.

Првото ниво има 24 ѕвезди кои ги претставуваат секој од кошаркарите што ќе бидат дел од  Олстар натпреварот, како и димбол за вториот број што го носеше Брајант во кариерата.

Второто ниво има 10 ѕвезди, кои се симбол на десетте стартери на Олстар натпреварот, како и на бројот што Брајант го носеше кога настапуваше за репрезентацијата на САД,

Третото ниво има пет ѕвезди, кои ја претставуваат „унијата на НБА тимот“, како и петте НБА титули на Брајант.

Четвртото ниво е во фрома на ѕвезда за да претставува „ѕвезда меѓе ѕвездите“, како и МВП признанието што Брајант го доби во сезоната 2007-08.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.