Никола Јокиќ не е од оние спортисти кои ги полнат батериите по напорната сезона на море и во егзотични одморалишта. Toj сака да одмора во родниот Сомбор
Како и изминатите години, Никола Јокиќ со семејството, сопругата Наталија и ќерката Огњена во текот на летото пристигна во татковината од Америка. И токму таму ужива во викендичката надвор од градот, која секое лето е „неговото море“.

Никола Јокиќ живеше со родителите и браќата Страхиња и Немања во зграда на четврти кат во улицата Грује Дедица. Потоа родителите се преселиле во двор со две куќи, каде што живеат и денес. Никола Јокиќ сега гради нов дом на кружниот тек кон Суботица и Бездан. Сомборчани тој потег го нарекуваат Венац.

На таа локација се привршуваат три величествени куќи за Никола и неговите браќа, каде што ќе летуваат кога ќе се вратат од Америка.

Тоа ќе биде оаза на мирот за Јокиќ, а целиот имот ќе биде опкружен со висока ограда, исто како во војводински стил, за да се зачува спокојството и интимноста. Вилата е изградена во форма на кириличната буква „Г“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.