Феникс санс би можел да биде продаден по највисока цена во историјата на НБА-лигата.

Според инсајдерот Марк Стајн, вредноста на „сонцата“ би можела да достигне четири милијарди долари.

Актуелниот рекорд беше поставен со купувањето на Бруклин нетс од страна на Џозеф Цаи за 3,5 милијарди долари.

Се очекува акции во Феникс да купат, поранешниот извршен директор на Дизни, Боб Ајгер, основачот и поранешен извршен директор на Амазон, Џеф Безос, ко-основачот на Оракл, Лери Елисон, и ко-сопственикот на Визардс, Лорен Пауел Џобс (вдовица на ко-основачот на Ејпл и поранешен извршен директор Стив Џобс).

Во октомври 2021 година, Форбс процени дека Феникс санс вредат 1,8 милијарди долари, рангирајќи се на 18-то место од 30 клубови во НБА.

Сопственикот на Феникс, Роберт Сарвер одлучи да ги продаде своите акции во Санс и Меркјури (женскиот клуб), откако истрагата на лигата потврди недолично однесување на работното место, расистички изјави и сексистичко однесување кон вработените жени во неговите клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.