Раководството на Евролигата одложи вкупно осум дуели, кои требаше да се одиграат утре и задутре. Причина за ваквата одлука на раководството на најсилното клупско натпреварување во Европа е значителното зголемување на бројот на кошаркари заразени со корона вирус во екипите.
Откажани се натпреварите Црвена ѕвезда – Фенербахче, Алба – Панатинаикос, Макаби – Басконија и Реал Мадрид – Уникс, кои беа закажани за в четврток, како дуелите ЦСКА Москва – Барселона, Ефес – Баерн Минхен, Жалгирис – Олимпијакос и Асвел – Монако, коишто требаше да се играат в петок.
Единствениот натпревар кој остана на програмата в петок е тој меѓу Милано и Зенит.
Евролигата соопшти дека во консултации со екипите ќе одреди нови термини за одигрување на одложените натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.