Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун, постигна свој личен рекорд од 50 поени на натпреварот против Орландо на домашен терен. Селтикси успеаја да се вратат од негатива од 14 поени (82:96) во четвртата четвртина и да победат со 116:111 по продолжение.
Џејлен Браун постигна 21 поен во последните 12 минути од регуларното време и додаде уште три во продолжението. Претходниот рекорд на ѕвездата на Бостон беше 46 поени, поставен против Њујорк никс на 20 октомври.
Браун стана седмиот играч во историјата на Селтикс со 50 постигнати поени на еден натпревар.
Кај Орландо, најефикасен беше Теренс Рос со 33 поени, додека Гери Херис го заврши мечот со 23 поени.
За „магичните“ ова беше петти пораз по ред.
Резултати на останатите натпревари:
Торонто – Њујорк 120:105
Кливленд – Индијана 108:104
Сакраменто – Мајами 115:113
Шарлот – Феникс 99:133
Оклахома – Далас 86:95
ЛА Лејкерс – Минесота 108:103
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.