Предводен од Леброн Џејмс, тимот на Лос Анџелес лејкерс го совлада Портланд со 139:106.

Леброн го заврши натпреварот со 43 поени што за него е рекорд во оваа сезона. Одличната партија, 37-годишниот Џејмс го надополни со 14 скока и четири асистенции. За Леброн ова е седми натпревар по ред како постигнува најмалку 30 поени.

Одличен беше и Расел Вестбрук, кој оствари трипл-дабл учинок од 15 поени, 13 скокови и 12 асистенции.

По овој триумф, Лејкерси со биланс 18 победи и 19 порази се наоѓаат на 8. место во Западната конференција.

Кај Портланд, најефикасен беше Бен Меклмор со 28 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Бостон – Феникс  123:108

Индијана – Чикаго  106:108

Сакраменто – Далас  96:112

Хјустон – Мајами  110:120

Кливленд – Атланта  118:121

Торонто – ЛА Клиперс  116:108

Мемфис – Сан Антонио  118:105

Оклахома – Њујорк  95:80

Јута – Минесота  120:108

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.