Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143). Со овој ефект, Дончиќ постави нов личен рекорд.

Дваесет и четиригодишниот словенечки репрезентативец стана и четвртиот играч во историјата на НБА кој достигнал 73 поени на еден натпревар. Претходно ова им успеа на Вилт Чембрлен, Коби Брајант и Дејвид Томпсон.

Со триумфот против Атланта, Далас ја прекина серијата од три порази и се наоѓа на осмото место во западната конференција.

Претходно во понеделникот, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, постигна 70 поени на дуелот против Сан Антонио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.