Џеј Џеј Редик е назначен за нов тренер на ЛА Лејкерс. Според американските медиуми тој се договорил за четиригодишен договор со попуарните „езерџии“.

Според медиумите, Лејкерси го избрале Редик поради неговата добра поврзаност со играчите, а сите веруваат дека тој ќе биде успешен во својата прва тренерска работа.

Редик е поранешен играч на Орландо, Милвоки, Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас. Тој беше избран за тренер на Л.А. Лејкерс откако тренерот на Универзитетот во Конектикат, Ден Харли, ја одби понудата на клубот.

Една од главните причини зошто раководството на Лејкерс се одлуи за Редик е неговиот добар однос со Леброн Џејмс. Двајцата се пријатели, а заедно водати поткаст кој е исклучително популарен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.