Кајри Ирвинг постигна 14 поени, но Џејмс Харден само четири за Бруклин, кој загуби на гостувањето кај Сакраменто со 112:101. За „мрежичките“ ова е шести пораз во низа, што е најдолга губитничка серија на Бруклин по таа долга седум натпревари од 26 декември до 7 јануари 2020 година.
По ваквите резултати, Бруклин падна на шестото место во Источната конференција.
Ник Клакстон имаше рекордни во кариерата 23 поени, на кои додаде 11 скокови, додека Џејмс Џонсон реализира 18 поени, но тоа не беше доволно да се надмине лошата вечер на главните ѕвезди во тимот, во кој поради повреда недостасува Кевин Дурент.
Кај победничката екипа имаше седум кошаркари со двоцифрен број поени, а најмногу меѓу нив постигнаа Харисон Барнс (19), како и Девион Мичел и Бади Хилд, кои мечот го завршија со по 18 поени.
Резултати на останатите натпревари:
Индијана – Орландо 118:119
Филаделфија – Вашингтон 103:106
Бостон – Шарлот 113:107
Њујорк – Мемфис 108:120
Хјустон – Кливленд 115:104
Далас – Оклахома 114:120 (прод.)
Јута – Денвер 108:104
ЛА Лејкерс – Портланд 99:94
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.