Кошаркарите на Бостон селтикс го „иметоа“ Бруклин нетс во првото коло од плејофот во НБА лигата. Бостон славеше на гости во Бруклин со 116:112 и со максимални 4:0 во победи го елиминира ривалот.
Ова е првата „метла“ (триумф во серијата до четири победи, без ниту еден пораз) во годинашниот плејоф во најсилната кошаркарска лига на светот.
Ниту 39 поени на Кевин Дурант не помогнаа Нетси да го избегнат поразот. Во победничкиот тим се истакна Џејсон Тејтум со 29 поени.
Бостон во второто коло од плеј-офот ќе се сретне со победникот од серијата Милвоки – Чикаго.
Резултати на останатите натпревари:
Филаделфија – Торонто 88:103 (3-2 во победи за Филаделфија)
Далас – Јута 102:77 (3:2 во победи за Далас)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.